МРЕЖЕН МАРКЕТИНГ

МРЕЖЕН МАРКЕТИНГ

%d0%b1%d0%bb%d0%be%d0%b311

“Најбогатите луѓе трагаат по мрежи и ги градат истите, сите останати бараат работа. Можеш да ја имаш најдобрата идеја или производ, но тие ќе доживеат успех само ако имаш мрежа преку која луѓето ќе дознаат за нив и дистрибутивна мрежа која истите ќе ги продаде.” – Роберт Киосаки кој се смета за татко на личната финансиска писменост.

Multi level Marketing, Network marketing или мрежен маркетинг се синомими за маркетинг кој подразбира независна продажба на секој соработник (дистрибутер) и вклучува други соработници кои продаваат и добиваат провизија од сопствената продажба и меѓупровизии од другите соработници кои се во нивниот тим. Тој е легален, етички исправен, успешен, популарен начин на градење бизнис каде што сите субјекти на системот се максимално заинтересирани и на финансиски и на друг начин мотивирани да поединецот биде одлично обучен и ефикасен во препораките и продажбата на услугите и продуктите што ги нуди конкретниот систем. Како што кажува и името, МЛМ е систем кој функционира на повеќе нивоа кои длабински се шират, а распоредот на обврските го прави да биде повеќе нивоа кои длабински се шират, а распоредот на обврските го прави да биде повеќеслоен.

За мрежниот маркетинг се карактеристични два фундамента на кои треба да се внимава:
1. Првиот се однесува на продуктот кој што се нуди во системот и содржината што ја нуди тој систем (едукативна програма и можност за личен раст и развој).
2. А вториот се однесува на начинот на исплаќање на провизиите од продадените услуги и продукти штон ги нуди системот, како и вклучувањето на нови соработници.
Овој систем е многу повеќе од можност за финансиска благосостојба. Тој овозможува пронаоѓање за задоволството во работата, јакнење на самодовербата и градење на психолошка стабилност како резултат на тоа што, до успехот се доаѓа со своите лични квалитети и способноста да им помогнете на другите да ги постигнат истите, ако не и подобри резултати. Sir Winston Churchil рекол дека: “Не може секој да го работи она што го сака, но за да успее мора да го сака она што го работи.”

network

Карактеристики кои мрежниот маркетинг ги прави да биде интересен и привлечен за голем број луѓе се:
* Секој може да почне без паричен ризик, без претходно стручно знаење
* За започнување на деловниот потфат не се неопходни инвестиции
* Секој си е на себе шеф, не се заснова работен однос, па со самото тоа нема обврски кои произлегуваат од тоа

Темелот на Мрежниот Маркетинг:
Спонзорирање + Дуплирање = Ширење на мрежа = Поголема заработка
Во системот организиран низ мрежен маркетинг, целта не е да имате мал број на соработници кои ќе прават голем промет, туку обратно. Целта на мрежниот маркетинг е изградба на стабилна мрежа со што поголема длабочина (и што повеќе нивоа) во која многу ваши соработници купуваат производи првенствено за своите потреби. Голем финансиски успех се постигнува само со изградба на мрежа на регистрирани дистрибутери.

%d0%b1%d0%bb%d0%be%d0%b310
Она што е сигурно, нема да загубите ништо!
Овој систем отвора бројни можности за секого:
* Да штедите и да заработувате
* Да не мора да се бавите со класична трговија
* Да работите работа која не бара инвестиции, а може да ви донесе голем профит
* Да работите дружејќи се со луѓето кои ги сакате
* Да работите легитимен и легален бизнис
* Да ја истакните својата креативност
* Да станете финансиски независна личност и да ја изградите својата кариера
* Да обезбедите постојан месечен приход, со право на наследство
* Да им помагате на вашите пријатели
* Да патувате
* Да се дружите и да стекнете ,многу нови пријатели
* Да користите здрави, органски производи
* Да ги исполните своите соништа
* Потребна е добра волја и решителност за да смените нешто во вашиот и да почнете со работа!

%d0%b1%d0%bb%d0%be%d0%b312

Share this Story

Facebook

Aрхива

BMI Калкулатор

kg
cm