SLIM LINE CLUB ЗАЕДНО СО СВОИТЕ КУПУВAЧИ ИМ ПОМАГААТ НА ЖИВОТНИТЕ!

SLIM LINE CLUB ЗАЕДНО СО СВОИТЕ КУПУВAЧИ ИМ ПОМАГААТ НА ЖИВОТНИТЕ!

Како составен дел на нашето пошироко опкружување, наша должност е да се грижиме и да придонесеме за добросостојбата на заедницата во која живееме и работиме. За таа цел, Слим Лајн Интернационал започнува програма за оштествена одговорност, како интегрален дел од стратегија на компанијата.

Филантропската поддршка која ја обезбедуваме за почеток се фокусира на кампања за заштита на животните. Имено, во рамките на оваа програма предвидени се донации во парични или останати материјални средства по потреба, со динамика секој месец да се помогне на одредено непрофитно здружение за заштита на животните или на поединец-активист.

Прв на листата се најде активистот Виктор Мазнев од Велес, познат како „Спасител на животните“, а собраните средства од овој месец ќе бидат наменети за изградба на боксови за бездомните животни кој тој ги згрижува и лекува во своето мало згрижувалиште, а потоа им бара вдомувачи кои ќе им дадат топол дом и многу љубов.

Секој од нашите ценети купувачи придонесува за зголемување на сумата која ќе биде донирана. Имено, со секој LIKE на нашата фан страна на Facebook (https://www.facebook.com/SlimLineClubMakedonija/) се донираат по 3 ДЕНАРИ, а со секој промотивен пакет на акција купен преку нашата online продавница www.shop.slimline-club.com, Слим Лајн издвојува по 100 ДЕНАРИ за таа намена. Во текот на следниот период ќе добиете повеќе информации за Виктор и за неговото згижувалиште, како и за помошта која Слим Лајн ќе му ја обезбеди, заедно со своите купувачи.

ЗАЕДНО ИМАМЕ ПОГОЛЕМА МОЌ ДА ПОМОГНЕМЕ!

Слим Лајн Интернационал е составен дел од заедницата во која функционира и е свесна за важноста и потребата на сопственото влијание за унапредување на општествените услови, промоција на правилни вредности, како и за потребата за вложување на дел од сопствениот профит за хуманитарни цели. Од срце сум им благодарна на нашите купувачи, без чија поддршка и верба во нашите производи не би можеле да ја развиеме оваа програма

Марија Костовска, коосновач и извршен директор на Слим Лајн Интернационал

Слим Лајн Интернационал секој месец ќе ги објавува случаите за кои биле издвоени средства.Сите ваши предлози се добредојдени на marketing@slimline-club.com!

Share this Story

Related Posts