9 ПРАВИЛА КОГА НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ БЛАГО ИЛИ СОЛЕНО

9 ПРАВИЛА КОГА НЕ МОЖЕМЕ БЕЗ БЛАГО ИЛИ СОЛЕНО

1. ИЗБЕГНУВАЈТЕ СТРОГИ ДИЕТИ
Преголемите лишувања предизвикуваат промена во гликемијата која води до постојан глад а истовремено и до недостиг на витамини и на минерали одговорни за физичката и за психичката форма. Постојаната борба со апетитот е претходна загубена затоа што во определени моменти диетата секако се прекшува по што грижата на совест предизвикува намалена самодоверба,а тоа се лекува со некоја стрвност кон одредена храна. За да ослабете намалете ги порциите, не се откажувајте ниту од една група на хранливи продукти, туку само обидете се да балансирате со нив.

2. ВОВЕДЕТЕ ПРАВИЛЕН РИТАМ НА ИСХРАНА
Нема полошо од тоа да прескокнете некој оброк со надеж дека побрзо ќе ослабете. Организмот има потреба од енергија преку целиот ден, која треба да му се додава на определени временски интервали. Започнете со вистински појадок, после тоа ручајте и вечерајте во ист час секој ден. Ако ви се наметнува да вечерате покасно подобро е да одберете полесно мени или салата.

3. ЈАДЕТЕ ПО МАЛКУ ОД СЕ
Секоја храна си има определени предности. Месото, рибата, јајацата се богати со протеини кои имаат заситувачки ефект и ја подржуаваат мускулатурата.Мастите содржат витамини и есенцијални масни киселини неопходни за нервна рамнотежа. Овошјето и зеленчукот пак обезбедуваат влакна и хранливи материи кои заситуваат и го тонизираат телото. На секој оброк имаме потреба од сите тие продукти по малку.

4. ВНЕСУВАЈТЕ МАГНЕЗИУМ
Овој минерал успешно се бори против стресот. Неговиот недостаток во организмот може да доведе до неспокој и до замор. За да го обезбедите внесувајте полнозрнести, наместо рафинирани продукти, бобинки и умерена количина на црна чоколада. Можете и да земате додатоци, најдобро е магнезиумот да го комбинирате со витамин Б6

5. ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ ЗАДОВОЛСТВА
Има многу хобија кои би ви причиниле такво задоволство како она кое го добивавме додека изедуваме парче торта. На пример, гледајте убав филм запишете се на омилениот спорт, сликајте, пејте. Списокот на такви заменици е долга целта да се одвлече вниманието од храната.

6. РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ
Длабокото дишење и медитацијата се успешни методи за канализирање на емоциите и за трајна состојба на психичка рамнотежа. Честопати доволни се неколку лекции од специјалисти за да можете да практикувате релаксација само дома, кога моментот е погоден.

7. СПОКОЕН СОН
Кога човек не спие доволно во организмот му се лачи зголемено количество на грелин-хормон што го стимулира апетитот, а помалку лептин – хормон кој дава заситеност на организмот. Затоа е потребен осумчасовен сон. Легнувајте и станувајте во едно исто време. Заборавете на телефон и на компјутер пред заспивање.

8. СОВЛАДАЈТЕ ЈА ИМПЛУСИВНОСТА
Ниту чоколадата, ниту чипсот, ниту колбасиците се лоша храна ако се јадат во мали количини. Научете се за бидете бавни додека јадете. Дајте си време за да уживате во секој залак и ќе видите дека и една третина од порцијата ќе ви биде доволна да се најадете. Ставајте си по мали количини и не посегајте повторно по храната. Користете мали чинии.

9. НЕ СЕ СТРЕМЕТЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРАТЕ
Многуми од современите луѓе сакаат да се перфектни во сите области од животот – работа, семејство, спорт…Неконтролираното јадење е често последица од таквиот стремеж кон постојаната контрола. За да излезете од таа нездрава ситуација, научете се да си ги простувате несовршенствата. Човечки е од време на време да си дозволите искушенија.

Share this Story

Related Posts