ДЕБЕЛИНАТА И ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА

ДЕБЕЛИНАТА И ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА

Дебелината е најстарата и се уште е една од најчестите метаболички нарушувања кај луѓето. Тоа е болест и се поголем здравствен проблем на модерниот човек кој се дефинира како зголемување на телесната тежина во однос на идеалната, а резултатот е акумулација на масти во телото. Овој термин често се поистоветува со терминот прекумерна тежина, како зголемување на телесната тежина (ТТ)на сметка на вишокот на вода или мускулна маса, наместо на сметка на телесните масти.
Дебелите луѓе имаат поголема тежина од нивната идеална тежина и тоа најчесто се масти (85%), а мал дел вода и мускули. Жените се почесто дебели додека мажите се често се прекумерно ухранети. Дебелината се јавува кај жените на возраст од 20 и по менопаузата и кај мажите од 25 до 40-та година. Умерена дебелина е кога идеалната телесна тежина ТТ е зголемена за 15%, изразена дебелина кога идеалната телесна тежина ТТ е зголемена за 25%, а екстремна дебелина е кога иделаната телесна тежина е зголемена за повеќе од 60%.

aid784172-728px-reduce-face-fat-step-1-version-4

СО ШТО РЕЗУЛТИРА ДЕБЕЛИНАТА?

Основна причина за дебелината и прекумерната тежина е енергетската нерамнотежа помеѓу консумираните и потрошените калории. Таа настанува кога кога на долг рок не постои соодветна потрошувачка на енергија. Вишокот калории се складираат како енергетски резерви (гликоген, масти) и ги троши кога има зголемена потреба или ако телото е гладно.

1 грам на масти = 9kcal, па за секои 3000-3500kcal кои се внесуваат како вишок наместо да се трошат, се внесуваат како вишок ½ кг телесна маст.

ПРИЧИНИ ЗА ДЕБЕЛИНАТА

Познати се многу фактори кои влијаат на дебелината, некои се уште се во фаза на истражување, но се смета дека дебелината е предизвикана од голем број на различни фактори:
– Наследни фактори
– Фрекфенција на јадење
– Бавен Метаболизам
– Прејадување
– Фактори од надврешната средина
– Психолошки фактори
– Болести
– Генетика
– Неправилна исхрана

НАСЛЕДНИ ФАКТОРИ
356973-image0_1
Ние сме родени со одреден број на масни клетки и нивниот број може да се зголеми до пубертетот, бројот на клетки и понатаму останува ист, но со можност за промена на степенот на дебелината.
Колкав ќе биде степенот на дебелината и по кој тип распоред зависи од генетиката, начинот на живот и надворешното влијание. Ние разликуваме:
1. Дебелина (јаболко форма-централна дебелина) при што мастите се концентрирани околу стомакот и горните делови на телото. Овој вид е вообичаен кај мажите и кај жените во менопауза, и има зголемен ризик од хипертензија, атеросклероза, срцеви заболувања, тип II дијабетес, уролитијаза и одредени форми на рак.
2. Тип на дебелина каде мастите се концентрирани околу половината, колковите и бутовите и тоа е почеста кај жените, тие се склони кон болести на респираторниот тракт.

КАКО ДА ЈА РЕГУЛИРАМЕ ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И КАКО ДА ЈА КОНТРОЛИРАМЕ ?

Производите на Слим Лајн Клуб се дизајнирани за регулирање на телесната тежина со дејствување во центарот на глад, ја намалуваат потребата за храна и јаглехидрати, го намалуваат лачењето на гастричните сокови, апсорпција на прехранбени состојки и масти, ја стимулираат липолизата, прават целосна детоксикација, го забрзуваат бавниот метаболизам, ги намалуваат телесните масти и го зголемуваат нивото на енергија.
Овие производи се високо-квалитетни, природни производи од групата на додатоци во исхраната и секој производ е комплекс од активни состојки на растенија кои се користат илјада години со иста цел. Секој од производите може да се користи како еден но може и да се комбинираат повеќе производи. Наша препорака е ги користите по лесен доручек и период од три месеци при што мозокот и клетките на масно ткиво, ќе имаат информација и телото ќе се промени целосно. Процесот на слабеење потребно е да се одвива постепено, а најдобро е во тој период Физички да си активен, добро наспан и да внимаваш на исхраната. Особено е важно, да внесуваш доволно течности, а најважно од се е да си Решителен, Одлучен и да Истреш во намерата во твојата Трансформација.

Станете Член на Слим Лајн Клуб! Секој може да ни се придружи, секој кој сака да се промени себеси кон подобар и поисполнет живот, секој кој има позитивен дух и се стреми кон здрав и долговечен живот.

Share this Story

Related Posts