Есенско смути со тиква

Есенско смути со тиква

Состојки :

20 gr slc meal replacement ванила
100 мл. полумасно млеко (1,5%)
3/4 шолја варена тиква
1 средна банана
малку цимет

Тиквата или „кралица на есента” е позната како симбол за долговечност. Тиквата има високо ниво на антиоксиданси и каротен. Богата е со пектини, шеќери, витамини, особено со витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар. Исто така, корисните својства на тиквата помагаат да се спречат состојби како воспаленија, камен во бубрег, депресија, кожни проблеми и паразитни инфекции. Лидер е по содржина на железо кое е важно за крвта, калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите и манган кој ја чува кожата.Освен тоа, тиквата изобилува со прехранбени влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. Исто така, тиквата е малку калорична, што ја прави примамлива за јадење за секој, дури и за оние кои постојано се на некоја диета.

Циметот ја поттикнува работата на мозокот, може да ги подобри когнитивните способности, меморијата, извршувањето на одредени задачи и да ја зголеми будноста и концентрацијата.
Го става гладот под контрола.
Циметот го регулира шеќерот во крвта и поради тоа ги елиминира нападите на глад. Нутриционистите препорачуваат ужина од парчиња печени јаболка зачинети со цимет, бидејќи освен циметот, и јаболката имаат многу бенефиции. Го зголемува нивото на енергија. Се бори против лош здив.Ја омекнува грубата кожата на стапалата.

Бананите ни помагаат да останеме во добра форма. Може да ни помогнат во превенцијата на многу заболувања. Содржат и многу витамин Б6, кој го зајакнува природниот имунолошки систем кај човекот.
Бананата дава моментална енергија. Истражувањата покажале дека со консумирање на само две банани дневно се обезбедува енергија доволна за 90 минутна напорна работа.

SLC Meal Replacement ги има сите потребни својства за квалитетен почеток на денот, без внесување на вишок шеќери и маснотии:
• малку калории – само 200kcal по оброк
• содржи јаглехидрати потребни да му дадат енергија на организмот
• богат со витамини и минерали – потребни за одржување на имунитетот и правилен раст и развој
• содржи дневно препорачана количина на растителни влакна – потребни за одржување на правилна функција на системот за варење
• има протеини кои играат улога во изградба на здрава мускулна маса
Ги содржи скоро сите можни витамини кои се многу важни за да не опадне имунитетот при регулирање на телесната тежина. (Прочитај повеќе за SLC Meal Replacement ТУКА.)

Share this Story

Related Posts