ШТО СЕ ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА (СУПЛЕМЕНТИ), КОГА И КОЛКУ НИ СЕ ПОТРЕБНИ?

ШТО СЕ ДОДАТОЦИ НА ИСХРАНА (СУПЛЕМЕНТИ), КОГА И КОЛКУ НИ СЕ ПОТРЕБНИ?

Што се додатоци во исхрана, кој може да ги користи и зошто, кога се почнува со користење, како дејствуваат, дали се тие се безбедни, се прашања кои многу потенцијални корисници си ги поставуваат во решавањето на дилемата за лекување на некои нивни постоечки здравствени проблеми.

Се препорачуваат кај:
Лица со зголемени нутритивни потреби
Лица со намален внес на потребни хранливи материи
Лица кај кои е потребно да се постигне одредено физиолошко дејство

Додатоците на исхрана се прехранбени производи чија цел е да ја дополнуваат нормалната исхрана и кои се концентрирани извори на нутриенси или други супстанции со нутритивен или физиолошки ефект, сами или во комбинација, пуштени во промет во дозирана форма во вид на капсули, пастили, таблети и други слични форми, кеси со прашкаста супстанца, ампули со течност и други слични форми на течни или прашкасти супстанции дизајнирани да можат да бидат употребени во мали мерливи единечни количини.

Додатоците во исхраната вклучуваат витамини и минерали и други помалку познати супстанци како што се одредени билки, аминокиселини, ензими и сл. иако истите помагаат за соодветно внесување на хранливи материи во организмот.

Човечкото тело е способно за постигнување за исклучителни резултати и за надградувања на сите очекувања. Со цел да се постигнат тие резултати, човечкото тело има потреба од силна волја, мотивација и енергија во форма на храна – односно важноста на самата исхрана! Потребно е на нашето тело да му ја дадеме потребната количина на хранливи материи – витамини, минерали, протеини, масти, јаглехидрати, растителни влакна и вода. Клучен начин за да се остане здрав е комбинацијата помеѓу лесни дневни физички вежби и избаланисрана исхрана.Најдобро е потребните хранливи материи да се апсорбираат од храната, но тоа секогаш не е возможно. Недоволното внесување свежа и разновидна храна, како и времето за приготвување се клучните фактори за развој на недостатоци, кои на подолг рок може да доведат до болести и слабости. Користењето суплементи (додатоци на исхрана) е со цел да се надополнат овие недостатоци и да се спречат овие закани. Употребата на суплементи во разумна количина и со голем квалитет се препорачува кога постои сомнеж од неадекватна исхрана или зголемена прекумерна тежина која треба да се регулира. Нивната цел е да го подобрат и зачуваат здравјето на човекот.

Изберете производи за намалување на тежината, детоксикација, поддршка на имуниот систем, поддржувачи на меморијата и расположението, производи за убавина, и започнете да го живеете подобрениот и квалитетен живот од денес!

14055180_1259499310728875_3592379664279128367_n

Станете Член на Слим Лајн Клуб! Секој може да ни се придружи, секој кој сака да се промени себеси кон подобар и поисполнет живот, секој кој има позитивен дух и се стреми кон здрав и долговечен живот.

Share this Story

Related Posts