Дали навистина ви е потребна детоксикација на организмот? Која метода да ја изберете?

Дали навистина ви е потребна детоксикација на организмот?  Која метода да ја изберете?

Многу лекари, здравствени тренери, нутриционисти, па дури и познати личности практикуваат или применуваат некоја врста на детоксикација. Лесно може да се најдат чаеви, билки па дури и суплементи за детоксикација. Исто така, напишани се и бројни книги на оваа тема.
Но, за детоксикација на организмот не мора да трошиме премногу пари, или да купуваме готови јадења. Може да искористиме природни намирници и напитоци, кои ќе му помогнат на нашиот црн дроб, бубрезите и органите за варење да ги елиминираат отпадните и токсичните материи поефективно. Според одредена студија на Johns Hopkins од универзитет во САД докажано е дека брокулата помага на организмот брзо и ефикасно да ги отстрани токсините.

Коријандерот е уште една билка која има детоксикациско дејство, така што во системот за варење врзува тешки метали како олово и жива, па ги елиминира од организмот.

Зелјести растенија како – Зелка, кељ, прокељ и брокула помагаат на тој начин што во својот состав содржат хемиски компоненти кои ја потпомагаат работата на црниот дроб.
Многу зачини исто така имаат ефект на детокс, а оној што е вреден прв да се спомне е куркумата.

Кукрумата (фигуративно кажано) делува како чистач на црниот дроб и помага побрзо да ја извршува својата функција.
Во нашиот крај растат зачински билки кои имаат одличен детокс ефект. Пример магдонос, целер, мента и босилек.
Зелениот лиснат зеленчук , смути од зелен зеленчук, сок од јачмен и пченична трева и лимонов сок исто така се ефектни за детокс. Освен нив исто добро делуваат билните чаеви ( зелен чај, чај од коприва, ѓумбир, корен од глуварче).
Зеленото е здраво , дали го јадете доволно?
Значи, може да креираме свое сопствено мени и навики кои ќе ги практикуваме секојдневно за да му помогнеме на организмот на дневна база да ги елиминира токсичните.



• Пијте зелен чај, чај од коприва, ѓумбир, корен од глуварче.
• Јадете здрави салати и свежи од зелка, кељ или друг тип на лиснест зеленчук.
• Пијте вода со лимон секое утро.
• Користете куркума и зачински билки во подготовка на јадењата.
• Пијте зелено смути,
• Додајте коријандер во вашите салати или оброци.
• Пијте свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.

Во секој случај треба да имате на ум дека за правилна детоксикација потребно е да пиете и доволно вода од 8 до 10 чаши на ден.
Во склад со вашите можност, пробајте да ги редуцирате токсините од вашето окружување (козметиката која ја користите, средствата за чистење…). Одмарајте повеќе во природа, движете се, купувајте органска храна, пијте доволно вода и билни чаеви.

Слим Лајн Клуб во склоп на овие совети ви предлага да подготвите еден вкусен и здрав напиток кој служи за детоксикација на организмот. Погледнете го во продолжение рецептот.

Share this Story

Related Posts