5 знаци кои ви кажуваат дека на вашето тело итно му треба детоксикација!

5 знаци кои ви кажуваат дека на вашето тело итно му треба детоксикација!

За жал денешното брзо живеење носи многу стрес и изложеност на нашиот организам на различни негативни фактори. Во нашиот организам токсините настануваат од стресот, нечистиот воздух, водата и секако храната.
За било што, кога нешто не е во ред со нашето здравје, телото секогаш ни испраќа сигнали. Ова се 5 важни знаци дека на нашето тело му треба детоксикација.

1. Чести промени во расположението
Стресот е лепак за токсините кои го ослабуваат организмот до таа мера што доаѓа до намалување на енергијата и телото поради чувството на страв, нервоза, лутина и љубомора. Научете да се опуштите и најдете ги работите кои ви одговараат за тоа. Дајте си мир неколку пати во текот на денот, ослободете се од лошите навики и минимизирајте ги стресните ситуации на кои можете да влијаете.

http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/02/9-znaci-koi-ukazhuvaat-na-toa-deka-ste-pod-pregolem-stres-kafepauza.mk_.jpg

2.Недостаток на концентрација
Падот на концентрацијата придонесува за намалена ефикасност и ефективност како и намалена волја за работа. Треба да знаете дека и кога имате премногу работа, потребни се паузи, потребна е храна која одржува бистар ум, добар фокус и концентрација и потребно е да поминувате одредено време во текот на денот на свеж воздух. Доколку забележите дека и покрај ова, проблемот со концентрацијата се уште постои, внесете одредени суплементи во исхраната и дадете си дводневен одмор, настрана од работата и технологијата.

3.Нездрава и масна кожа
Масната кожа и испуканите капилари се последица на токсините кои се наталожуваат во телото. Тоа дополнително предизвикува за појава на акни и несовршености на кожата. Затоа, во секојдневната рутина треба почесто да пиете вода, да имате физичка активност, да правите редовен пилинг на кожата и да минувате време во природа, барем за време на викендите. Добар ефект на кожата имаат и здравите напитоци. Додајте состојки кои се одлични за кожата. Некои од нив се лененото семе, ѓумбирот и кокосовото масло.

4.Потреба за нездрава храна
Нездравите оброци не се потреба, туку само лоша навика. Кога имате зголемена потреба за лоша храна, тоа е индикатор дека имате токсини во телото кои предизвикуваат дополнителен проблем. На тој начин, вие сте научени на тоа и лошата храна е ваша навика. Добро би било да пиете свежо цедени сокови и смути. Потрудете се да ги исфрлите јагленохидратите и месото од исхраната. Наместо преработена храна, секогаш избирајте здрави оброци.

5.Подуеност
Секојдневниот брз ритам придонесува да јадеме преработена и нездрава храна, па потоа наталожените шеќери и масти во комбинација со стресот го успоруваат нашиот метаболизам и предизвикуваат проблеми со варењето и надуеност. Во овој случај страдаат цревата кои не ја извршуваат својата примарна функција за апсорпција на хранливите материи што предизвикува лажно чувство на глад, што потоа води до прејадување и недостаток на енергија. Затоа, во исхраната треба да се внесат состојки кои ги елиминираат токсините од телото: лимон, свеж зеленчук и овошје, житарици од цело зрно и секако чаеви.
http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/02/-блог-e1518610708819.jpg

SLC Detox чајот e специјално дизајниран за да ви помогне да ги исфрлите сите токсини од вашиот организам. Ефектите од чајот ќе ги забележите уште првиот ден.
Ви поклонуваме рецепт за детокс напиток кој ќе Ви помогне да се ослободите од салото на стомакот, се подготвува за само 2 минути.

http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/02/Vodic-26..jpg

Повеќе за детоксикација прочитајте ТУКА!

Share this Story

Related Posts