Л- карнитин – Транспортерот на масти во оранизмот

Л- карнитин – Транспортерот на масти во оранизмот

Л карнитинот е транспортер на мастите во органзимот кој што е откриен во 1905год. На почетокот се сметало дека е витамин, се до моментот кога се открило, дека организамот сам го создава. Но и покрај тоа што сам се создава (околу 20 мг дневно) потребно е да се внесува, бидејки во зависност од активноста дневните потреби достигаат до 300 мг Главен извор е црвеното месо (од таму и името – царнус месо), помалку го има во растенијата (на 100 г има: во црвеното месо 145 мг, во морковот 0.5 мг, во печурките 2.5 мг). А за да се произведе во телото потребно е да ги има во доволна количина витамините Ц и Б6, ниацин и железо.
Л карнитинот се создава во бубрезите и црниот дроб, од тука се транспортира во ткивата на скелетните мускули и срцевиот мускул, кои имаат можност масните киселини да ги користат како енергетски извори. L-Carnitine е задолжен за транспортот на масните киселини со долги синџири кои сами не можат да ја преминат мембраната на митохондриите (“енергетските реактори” на клетките), каде што се врши бета оксидација, поточно искористување на масните киселини како енергетски извори. Исто така тој е задолжен остатоците на масните киселини, односно отпадните продукти, да ги изнесе од клетките и да спречи нивно натрупување во митохондриите, а со тоа да направи место за влегување на нови масни киселини. Еден грам L-Carnitine транспортира околу 850 грама масти.
Л карнитинот го штити организамот на тој начин што го смалува “лошиот” ЛДЛ холестерол а го зголемува “добриот” ХДЛ холестерол. Сепак Л карнитинот не е чудотворно средство кое ќе ги топи мастите само по себе. Без физички активности (најмалку 30 минути) нема да даде позитивни резултати. Л карнитинот може со денови да го има во клетките, но ако нема зголемена енергетска потрошувачка, која ќе ги придвижи мастите од стомакот, колковите и од другите места, нема да има трошење на мастите. Затоа се потребни аеробни физички активности (физичка активност подолга од 6 минути), која ќе го натера телото да има потреба од енергија која ќе ја добива од мастите.

http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/02/slika-2-blog-post.jpg

Спортските перформанси ги подобрува на тој начин што ги штеди јагленохидратите, а со тоа се намалува акумулирањето на млечната киселина и се намалуваат болката и заморот по големи оптоварувања.

Колку и како треба да се зема?
Потребната днева доза е во зависност од потрошувачката на масните киселини. Дневните потреби се движат од 0.5 до 1 грам. Најдобро е ако се внесе еден час пред оброк или пред физичко оптоварување. Пред оброк, бидејки внесените маснотии со оброкот подобро ќе согорат, ако предходно во митохондриите има Л карнитин. А пред физичко оптоварување, за да има подобро ослободување на енергија кога таа е потребна.

http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/02/kafe-za-energija.jpg

Дали знаевте дека главна состојка на SLC Energy кафе поред Арабика кафе е токму Л-карнитин? Само една ќесичка од ова кафе ќе ви даде енергија за целиот ден. SLC кафе за енергија е омилен напиток на сите вежбачи и спортисти.
За да дознаете повеќе за ова кафе кликнете ТУКА!

SLC Energy Kit
Пакет од 21 ќесичка кафе за повеќе енергија и помалку калории!
50% попуст за супер цена од 900ден.
– 100% Арабика кафе со Л-карнитин
– За регулирање на телесната тежина и
– Подобрување на атлетската издржливост
– Како подарок со овој пакет добивате брендирана капа и шоља за вашето кафе
Дознајте повеќе за овој пакет, кликнете ТУКА!
http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/02/28954394_1861617737183693_5492323436067473109_o.jpg

Share this Story

Related Posts