4 начини како да дознаете дали навистина сте гладни…

4 начини како да дознаете дали  навистина сте гладни…

Пред да го изедете последното парче торта од фрижидерот или да нарачате уште една порција оброк, запрашајте се дали сте навистина гладни или вашето тело сака нешто друго да ви порача. Доколку често чувствуте глад, најверојатно позади ова чувство се крие голема желба да го подобрите вашето расположение. Во тој случај вие чувствувате емоционална глад, а не вистинска. Емоционалното јадење е погрешен начин како да се справите со негативните емоции, односно одбрамбениот механизам со последици од најлош вид.
Со конзумирање на храна мислите дека успевате да се ослободите од тагата, стресот или бесот и да се смирите. Но, по некое време, емоциите повторно излегуваат на површина.

Како да знаете дали сте навистина гладни?

1. Погледнете на саат

Доколку не ги прескокнувате оброците вашето тело ќе го одржува нивото на шеќер во крвта, со што чувството на глад ќе се намали. Ако последниот оброк сте го имале пред 1-2 часа, постојат големи шанси да чувствуте желба за храна од други причини, а не од вистинска телесна глад. Наместо да изедете ќесичка чипс или други грици, најдобро е да испиете една чаша вода или зелен чај.

2. Проверете го нивото на енергија
Ако чувствувате глад, а немате ниту енергија ниту волја, на вашето тело му е потребен оброк богат со хранливи материи кој ќе ве направи да се чувствувате сити и ќе ви ја врати енергијата.

3.Почекајте 15 минути
Доволно е да почекате 15 минути за да дознаете дали навистина сте гладни. Доколку чувството за глад ве мачи и после 15 минути, почастете се со вкусен и здрав оброк. Но, ако чувството за глад ве напушти за 15 минути, тогаш не сте навистина гладни.
Истото правило важи и додека јадете. Јадете што поспоро, уживајте во секој залак, за да не се доведете во ситуација да се прејадете. Џвакајте го секој залак 30 пати, тоа е доволно време за информациите за ситост да стигнат до вашиот мозок пред да се прејадете.

4. Направете „веге тест“
Доколку ви се јаде пица и чувстувате огромна глад, запрашајте се дали истата глад ја чувствувате и кога мислите на зеленчук, овошје или супа. Доколку ви зе јаде и зеленчук, почастете се со парче пица 

За да дознаете како да го регулирате апетитот и да го намалите вишокот на килограми, кликнете ТУКА!

Share this Story

Related Posts