Храна која ќе направи да изгледате помлади

Храна која ќе направи да изгледате помлади

Секако дека постои храна која ја сакаме само затоа што ни се допаѓа вкусот, но би требало во менито да ја додадете и храната која ќе биде добра и за нашиот изглед. Доколку не ја консумирате ова храна, крајно е време да почнете, затоа што овие намирници ќе Ве разубават и подмладат.

1. Јаткасти плодови
Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор. Освен тоа, јаткастите плодови содржат и витамин Е, а докажано го намалуваат и нивото на „лош“ холестерол.

http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/03/nuts.jpg

2.Јогурт
Бидејќи содржат пробиотички бактерии кои помагаат при варење на храната, овие млечни преработени производи го забрзуваат метаболизмот кој, како што знаеме, е поврзан со стареењето. Покрај јогуртот во секојдневната исхрана вклучете го и кефирот.

3. Маслиново масло
Маслиновото масло е богат извор на олеинска киселина. Таа е една од масните киселини кои ја прават кожата еластична. Маслиновото масло содржи и други есенцијални масни киселини коишто се борат против воспаленијата во телото, а витаминот Е и полифенолите кои се наоѓаат во него ја заштитуваат кожата од штетното дејство на слободните радикали.

4. Лосос
Најдобриот избор кога станува збор за риба. Лососот е риба, особено богата со омега – 3 масти, кои се погодни за здравјето на срцето. Ако не ви се допаѓа вкусот, не се откажувајте од риба, па одлучете се за сардини, харинга или скуша.

5.Домати
Доматите се одличен извор на витамин Ц, но и на супстанцијата ликопен, којашто претставува природен заштитник од рак. Ликопенот го намалува оштетувањето на клетките на кожата и го намалува црвенилото. За најдобро да го апсорбирате ликопенот од доматите, консумирајте ги доматите со маслиново масло.

6.Прокељ
Оваа зелена ризница на здравјето помага го зајакнува имунолошкиот систем, го чисти и подмладува телото. Иако покрај својот вкус и не е премногу популарен, прокељот е исклучително богат со витамини и минерали и би требало на својата трпеза да го имате најмалку еднаш во две недели.

Совет плус: Покрај правилниот избор на храна, за да се забави процесот на стареење и појава на брчките, потребна е нега на кожата.

Но, доколку ви треба инстант решение, ви ја препорачуваме микрокремата против брчки со која ефект на мазна кожа без брчки се постигнува ВЕДНАШ за само две минути.

http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/03/Untitled-design-60.png

За да дознаете повеке за ова крема кликнете ТУКА!

,,Oчите се огледало на душата” , затоа Ви ја препорачуваме комбинацијата на два производи за тродимензионален ефект на трепките и лице без брчки, со која дополнително ќе заштедите.

Пакетот содржи: 1x SLC 3D маскара и SLC Микрокрема против брчки

ВО ПАКЕТ чинат 1100ден.

Поединечно чинат 1375ден.

ЗАШТЕДЕТЕ 275 ДЕН.

http://blog.slimline-club.com/wp-content/uploads/2018/03/43062059_569610980136577_8353922531312271360_o-1.jpg

КЛИКНИ ТУКА!

Share this Story

Related Posts